
октомври 22, 2021
Да ги зачуваме училиштата безбедни за да се спречи ширењето на Ковид-19
Црвен крст на Република Северна Македонија во соработка со Институтот за јавно здравје на РСМ со цел зголемување на капацитетите за следење и комуникација на Ковид-19 изработи едукативно информативен флаер за учениците од основните и средните училишта во РСМ со наслов “ Да ги зачуваме училиштата безбедни,со цел да се спречи ширење на Ковид-19 меѓу учениците.”
Општинската организација на Црвен крст Струмица се вклучи во акцијата за дистрибуција на флаери во училиштата во општината и истите ќе се дистрибуираат во сите училишта во четирите општини во струмичкиот регион.
< врати се назад