
Црвен крст Струмица учествуваше на првиот саем за социјални претпријатија од Југоисточниот регион
Денеска Општинската организација на Црвен крст Струмица учествуваше на првиот саем за социјални претпријатија од Југоисточниот регион што се одржа во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.

На нашиот штанд беа претставени сите активности од областа на социјалното претпримеништво.

-Нашата цел е да ги развиваме социјаните претппријатија, да развиваме вештини за социјално претприемништво и исто така да ги вклучиме сите оние лица со попреченост, кои ги користат нашите услуги преку услугите за нега и лична асистенција, да добијат желба за да бидат оспобени за некоја работа и во едни идеални услови да се искористат сите нивни капацитети за да може да работат немоја работа. Остануваме предадени на таквата идеа и затоа го развивме тимот од четири социјални работници и психолог за да работат на развој на таквите идеи, рече секретарот на ОО Црвен крст Струмица, Маријана Тошева во изјава за медиумите.



На саемот, на кој се претставија 20 излагачи, присуствуваше и претседателот на ОО Црвен Крст Струмица, д-р Васил Тунев, а нашиот штанд го посети и се информираше за работата и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
< врати се назад