август 19, 2021

Црвен крст Струмица продолжува со доставување помош на лица и семејства за справување со Ковид-19

Волонтерите на  Општинската организација на Црвен крст Струмица  продолжуваат со поддршката и помошта на лицата и семејствата кои се западнати во неповолна состојба поради пандемијата со КОВИД-19.

Со донација од Фондацијата „д-р Верица Механџиска-ЗЕГИН“ поделени се пакети со храна на 18 семејства.

Во текот на изминатите две недели исто така беа поделени 2.620 хигиенски пакети на семејства во соработка со Министерството за труд и социјална политика и донаторот Светска банка.

Денешните активности беа во рамки на одбележувањето на Денот на хуманоста-19 август под мотото „Ви благодариме хуманитарци“.

#секадезасекого

#тамукадештоенајпотребно

Tags: , ,
< врати се назад