
април 23, 2021
Црвен крст Струмица донираше облека и обувки во населеното место Рич
Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Струмица продолжуваат со поддршката и помошта на лицата и семејствата кои се западнати во неповолна состојба поради пандемијата со КОВИД-19.
Денес се донираше облека и обувки во тежина од 200 килограми во населеното место Рич во Општина Струмица.
#секадезасекого
#тамукадештоенајпотребно
< врати се назад