
јули 23, 2021
Црвен крст Струмица дел од втората „Вело тура“ на Струмица опен фестивал
Волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Струмица, предводени од секретарот Маријана Тошева, беа дел од втората „Вело тура“ на Струмица опен фестивал, која се возеше од Струмица до манастирот во село Вељуса.

Организаторите им овозможија на сите учесници уживање, рекреација и набљудување на прекрасните природни пејзажи низ целата патека.

Нашите волонтери, како и досега, се подготвени да пружат прва помош доколку е потребно на учесниците или посетителите на настаните од оваа манифестација.
< врати се назад