март 9, 2021

Црвен крст Струмица активно учествува во кампањата за опасностите од неексплодирани убијни средства

Претседателот на ОО Црвен крст Струмица, д-р Васил Тунев и секретарот Маријана Тошева заедно со волонтери на организацијата денес активно се вклучија во капмањата за подигање на јавната свест за опасностите од неексплодирани убијни средства.

Тие заедно со студентите од Факултетот за безбедност, Дирекцијата за заштита и спасување и Отсекот за превенција при СВР Струмица, денес на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица делеa флаери на граѓаните за опасностите од неексплодирани бомби и гранати.

< врати се назад