декември 3, 2021
Благодарница од Црвен крст за нашата Танкица Стојанова
Нашата Танкица Стојанова ја доби престижната Благодарница на Црвен крст на Република Северна Македонија за особен придонес во волонтерството за оваа година.
Признанието и беше врачено на денешната свеченост во Скопје по повод 5 декември-Светскиот ден на волонтерството, на која присуствуваше и сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска.
Честитки за Танкица, која докажа дека нашите млади се нашата гордост!